Ќерката на актерот Пол Вокер, Медоу, по неговата трагична смрт во 2013 година во сообраќајна несреќа со договор доби 10,1 милиони долари, од имотот на човекот кој го возеше автомобилот во кој двајцата загинаа.
Убавата 17 годишна девојка ретко се појавува во јавноста. Но со фотографијата на која гледа во океанот, привлече големо внимание.
-Возбудена сум што продолжувам со страста на својот татко на доделувањето на наградата Пол Вокер- напиша таа на Инстаграм.
Таа ја отпочна организацијата со неговото име на датата на која ѕвездата од „Брзи и бесни“, Вокер ќе наполнеше 42 години.
-Потсетувајќи се на својот татко се потсетив на неговите страсти кон океанот, кон сопасувањето на животни и страст кон помагање на луѓето. Почнав да се занимавам со ова бидејќи сакам да го споделам тој дел од него со светот- сподели таа пред неколку месеци со фотографија на која како девојче позира со татко и.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)