Македонскиот премиер Николa Груевски за време на престојот во Аргентина даде интервју за најтиражниот и најреномиран дневен весник во земјата, „Ла Насион“. Во своето интервју премиерот Груевски го истакна позитивниот тренд на развој на односите меѓу Република Македонија и земјите од Јужна Америка, со осврт на значењето на посетата на владината делегација во функција на развој, унапредување и продлабочување на односите меѓу нашата земја и Аргентинската Република во сите сфери од заемен интерес.
Груевски не ја изостави ниту промоцијата на македонските економски интереси, претставувајќи ги и елаборирајќи ги предностите и поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвеститори за реализација на бизнис во Македонија.
Најниските трошоци за правење бизнис во Европа кои ги нуди Македонија, нискиот и атрактивен даночен пакет, квалификуваната работна сила, можноста за пласман на европскиот пазар без бариери и поволностите кои се овозможуваат во технолошко-индустриските развојни зони се само дел од темите за кои зборува македонскиот премиер во „Ла Насион“, весникот има големо влијание и кредибилитет меѓу аргентинската читателска публика, и покрива теми од целиот спектар на општеството, односно и политички и економски теми и настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница