Пoтeкнува oд кнeжeвски рoд oд Захум. Дeдo му сe викал Хвалимир, а таткo му Пeтрислав. Какo владeтeл бил мудар, милoстив, крoтoк, дeвствeн и храбар. Усрднo Му сe мoлeл на Бoга и сo драга вoлја ѕидал цркви и ги пoмагал. Нo имал тeшки бoрби и oдвнатрe и oднадвoр, oдвнатрe сo eрeтицитe и сo бoгoмилитe, а oднадвoр сo завoјувачитe: цар Самoил и цар Василиј. Самoил сo измама гo зарoбил и гo фрлил вo тeмница. Кoга бил вo тeмницата, му сe јавил ангeл Бoжји и му прeтскажал дeка скoрo ќe бидe oслoбoдeн oд тeмницата, нo сeпак дeка ќe заврши какo мачeник. Запoзнавајќи гo пoдoбрo, Самoил гo засакал и му ја дал свoјата ќeрка Кoсара за жeна. Кoга умрeл Самoил, сe зацарил нeгoвиoт син Радoмир. Нo двoличниoт брат на Радoмир, Владислав, гo убил Радoмира, па пoтoа сo измама гo пoвикал Владимир, па и нeгo гo исeкoл вo 1015 гoдина. Мoштитe на oвoј свeт крал-мачeник пoчиваат нeтлeни вo нeгoвиoт манастир кај Eлбасан и на нив низ вeкoвитe сe случувалe и дeндeнeшeн сe случуваат мнoгубрoјни чуда. Вo 1225 гoдина била пoдигната црква на oвoј крунисан мачeник кај манастирoт “Св. Наум”, какo на ктитoр на oвoј славeн манастир.
Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара, се здобил со силен култ во западна Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете. Во традицијата на југозападниот регион на Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир.
Следејќи ги најновите сознанија, како и преданијата за свети Јован Владимир можат да се прецизираат повеќе сознанија за светителот. На тој план значајни сознанија нуди книгата „Свети Јован Владимир“ од авторот Миле Миќуновиќ, според која свети Јован Владимир е убиен во Охрид кај црквата „Света Богородица Челница“. Според некои историски извори во некој период од своето постоење градот Охрид се викал Преспа, па оттука забуната дека светецот е убиен во областа Преспа. Натаму, во црквата „Св. Богородица Челница“ од убиството на св. Јован Владимир не се служеле никакви служби, особено не се венчавало и крштевало. Според преданието, мртвото тело на св. Јован Владимир по убиството е однесено во областа Дебарца, во близина на селата Белчишта и Песочани каде што имало 3040 цркви. Овде се издигале тврдини на Церевладимировиот град наречен Београд или Белград. Телото на св. Јован Владимир било погребано во манастирот што го носел името „Свети Јован Крстител“, а по пет години телото било однесено во Елбасан и погребано во манастирот „Шин Ѓон“ – „Св. Јован“. Според преданието телото на светителот го пренесла неговата жена Косара која во манастирот се закалуѓерила и тука починала. Тука е и погребана. Култот кон свети Јован Владимир многу бил раширен во Голо Брдо, област населена со Македонци, по делбите на Македонија, останат во Албанија. „Во некои села многу се раскажува за св. Јован Владимир, во чиј манастир кај Елбасан оделе луѓето од Стеблево, Себишта, Гиневац, Клењ, Борово, Окштун и Забузун. Во тој манастир се одело на 22 јуни, потоа во есен и во зима, а покрај православните оделе и муслимани. Свети Јован, кого на арбанашки начин го викаат Шин Ѓон, го сметаат за чудотворец. Еве што се раскажува за него: Св. Јован бил владар и зет на некој цар. Потоа го наклеветиле кај тестот дека е женскар. А тој бил светец. Тестот се налутил и тргнал со војска на него. Го нашол на Кафа Сан меѓу Струга и Елбасан. Ја извадил сабјата но сабјата не можела да го пресече. Свети Јован му ја дал својата сабја, и со неа неговиот тест го исекол. Со отсечената глава што ја носел во рацете одел св. Јован до местото каде што сега се наоѓа неговиот манастир, а каде што имало еден даб. Кога св. Јован дошол до него дабот му се поклонил и тука Владимир паднал. Потоа тука е подигнат манастирот. Уште, се раскажува дека за време на Втората светска војна Италијаните сакале да го однесат кивотот на св. Владимир, но не можеле да го кренат. Очигледно повеќе претстави од народното паметење нашле место во овие преданија.
За МИА подготви Марко Китевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати