| четврток, 6 декември 2018 |

„Света Софија“ триесет дена ќе биде џамија

aja-sofija-slider

Византискиот храм „Света Софија“ 30 дена ќе биде претворен во џамија, колку што трае Рамазан, пишува грчкиот весник „Прото тема“.

Како што пишува „Дејли сабах“, за време на Рамазан, од 6 јуни до 7 јули, секој ден во „Света Софија“ ќе се чита Куранот, а рецитацијата на исламските текстови ќе биде емитувана во живо на религиозната турска телевизија „ТРТ Дијнет“.

Турските медими соопштуваат дека Куранот ќе се чита како дел од утринската молитва.

Храмот „Света Софија“ е вклучен во спискокот на свети културни наследства на УНЕСКО.

Црквата е изградена пред шест века, а во 1453 година, кога Турците го заземале тогашен Константинопол, е претворена во џамија.

Од 1935 година зградата на некогашна „Света Софија“ е музеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top