| четврток, 6 декември 2018 |

Доминик Пурсел, ѕвездата од „Бегство од затвор“, заврши со скршена глава и нос

begstvo od zatvor

Ѕвездата од серијата „Бегство од затвор“ Доминик Пурсел, сподели фотографии на кои е со сериозни повреди.

Тој на Инстаграм објави фотографии со раскрвавена глава и повреден нос.

dominik-pursel_1000x0

Всушност при снимањето на новата сезона во Мароко, врз глава му паднала метална прачка.

Со хеликоптер бил пренесен во болницата во Казабланка.

-Имав мала незгода на снимањето. Се враќам на работа. Се исплати да имаш дебела глава кога ќе ти падне метална прачка врз глава. Имам и повреди на носот на две места. Добив дури и бесплатна операција. Хаха. Среќен сум што сум жив- напиша тој.

dominik

Петата сезона на серијата се очекува на почетокот на следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top