Јас, Маргарита Цаца Николовска, изразувам несогласување и револт врз основа на објавениот текст во печатеното издание на неделникот „Република“, во кое на неморален и непрофесионален начин се врши атак врз мене.
Во објавениот напис на „Република“ на ден 27.05.2016 година, со наслов „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“, изнесени се лични податоци за надоместокот по основ на плата – бруто износ исплатен од Хелсиншкиот комитет.
Неточни се тврдењата дека наведените износи, за кои не се дава никакво објаснување од каде се добиени, сум ги примила за учество во протести. Повеќе од очигледно е дека вака претставените информации имаат за цел да ја извртат вистината и да прикажат погрешна слика за мене како личност која целосно се залага за слобода и почитување на човековите права. Овие неовластено стекнато информации се претставени во контекст кој ја деградира мојата личност и професионалност, работејќи како врховен судија, судија во Европскиот суд за човекови права и уставен судија во Босна и Херцеговина. Ваквите невистините текстови ме погодија особено како професионалец кој долги години работи на унапредување и заштита на човековите права и успеа да изгради доверба кај граѓаните.
Од овие причини барам од весникот „Република“ јавно да се извинат за лажните наводи изнесени против мене, а воедно и за повреда на мојата чест и углед. Барам демантот и извинувањето да биде објавено согласно член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и тоа во рок од 2 дена од денот на приемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст