| четврток, 6 декември 2018 |

Танцовата претстава „Делови“ в среда пред публиката

Културно-уметничкиот центар „Битрикс“ веќе петта година активно работи на полето на модерните танци, преку остварување и вклучување во повеќе различни проекти,  како од уметнички, така и од натпреварувачки карактер.

13211211_10153498544662056_768440259_o

Имено, членовите на „Битрикс“ се повеќекратни државни и интернационални прваци, а  најново и најголемо признание за нивната работа е  вицешампионското место на Светското првенство во модерни танци, ESDU World Dance Masters.

13224979_10153498543632056_959299488_o

Исто така, тие се познати и по креирањето на првата хип-хоп претстава “Издигнување”,  чија премиера беше на Танц Фест 2013 год. и истата беше прифатена одлично од публиката и критиката.

944996_974728275907705_9031974261146868380_n

По три години континуирано вложување и надградување, тројцата млади кореографи од „Битрикс“, Ивана Балабанова, Леонардо Хусини и Дејан Битровски, создадоа ново дело наречено „Делови“, каде во парчиња од петнаесет минути, секој од нив на свој начин раскажува сопствена приказна.

12592191_932793496767850_5312808261414186117_n (1)

Имено, обработувајќи различни теми и служејќи се со различни концепти и приказни, како и различни методологии и техники, тие создадоа еден мултимедијален проект за кој се надеваат дека нема да ја остави публиката рамнодушна.

12919915_974728422574357_1393912725262968676_n

Трите дела во претставата: Леонардо Хусеини – КОНЕКТ; Дејан Битровски – П.А.Н.Г.Т.Е.О и Ивана Балабанова – (3/∞),  се создадени преку еден процес на заедничка соработка и комуникација, при што кореографите користејќи ги телата на танчерите како медиум, ги искажуваат своите емоции на среќа, возбуда, тага, револт, огорченост, осаменост и сплотеност.

13242258_10153498543582056_1202681975_o

IMG_8801

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top