| четврток, 6 декември 2018 |

Maж каснат од шарка заврши во штипската болница

Во штипската Клиничка болница е хоспитализиран 68-годишен маж од Крива Паланка, кој бил овчар во пробиштипскиот регион, кој е каснат од змија шарка.

Портпаролот на Клиничка болница – Штип, Марина Шуманска вели дека пациентот е надвор од животна опасност, а лекарите од Инфективното одделение веднаш му го дале потребниот серум.

Како што појаснил 68-годишниот овчар, додека ги пасел овците почуствувал болка во еден од прстите. На лекарите им кажал дека бил каснат од змија, која народот ја знае како шарка.

Началникот на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, Глорија Караѓозова вели дека имаат серум против змиски отров во доволни количини, но апелира покрај стерилизацијата на каснатото место, луѓето што работат на отворено, а особено земјоделците и сточарите да бидат внимателни при извршувањето на своите земјоделски работи.

Во штипската Клиничка болница минатата година се хоспитализирани пет лица, меѓу кои и едно дете, кои биле каснати од змии.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Шуманска вели дека регистрирани се и случаи за остранување  крлежи.

– Околу триесет пациенти од источниот регион досега, односно годинава  на Одделението за хирургија имаат побарано помош за отсранување крлежи од телото – вели Шуманска.

Лекарите апелираат да се внимава кога се излегува во природа, а земјоделците, кои во моментов се подготвуваат за жетва, да внимаваат во своите ниви, со цел да не ги касне змија или да не им се закачи крлеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top