На островот Самос и во бегалскиот центар во солунската населба Ореокастро ноќеска имаше немири со десетици повредени и приведени емигранти.
Тие се тепаа со камења и со железни прачки. Во нередите беа повредени 15 луѓе, од кои еден со сериозни повреди, кој беше префрлен во болница надвор од Самос. Судирите се смирија по полициската акција, во која беа приведени и уапсени 25 луѓе.
На Самос со часови имаше насилни судири меѓу група од 150 луѓе, бегалци и емигранти од Мароко, Алжир и од Пакистан.
Подметнати се и пожари низ емигрантскиот центар кои запалија неколку куќарки во кои спијат бегалците, загрозувајќи голем број жени и деца. Ова е втор ваков инцидент за два дена, а претходно тепачка имаше на островот Лезбос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.