| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Свети Константин и Елена, што треба да се прави?

Православните христијани денеска го празнуваат светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

elena-i-konstantin

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за своите заслуги во признавањето и ширењето на хростијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска Империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник, кој го викале Свети цареи, го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот „Свети Наум Охридски – Чудотворец“, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето, оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појде на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, ѝ пораснала убава и густа коса.

„Од тогаш на празникот на свети Елена и Костадин редовно одат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот ’Свети Наум‘. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу“, заклучува народниот раскажувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top