| четврток, 6 декември 2018 |

Беше милјардерка, а сега е шворц

Во најновиот извештај на „Форбс“ кој треба да се објави на 21 јуни ќе биде соопштено дека сопственичката на мнозинството акции во компанијата „Теранос“, специјализирана за нови медицински технологии, Елизаабет Холмс, од богатство вредно 4,5 милијарди долари, сега е шворц.

Оваа 2016 година не беше баш најдобра за некогаш најмладата милијдерка на светот, Елизабет Холмс, основач на компанијата „Теранос“, која се занимаваше со производство на тестови за револуционерното вадење крв кое Холмс го патентираше.

Во 2014 година вредноста на компанијата беше проценета на 9 милијарди долари. Оттогаш компанијата беше обвинувана за несовесно работење. Беше покренета истрага бидејќи се покажа дека на тестот „Едисон“ работеле неквалификувани лица, како и дека тестот не е доверлив како што се сметало и како што Холмс го претставувала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top