Анџелина Џоли и Бред Пит одлучија да се почестат со нова милионска вила во Мајорка. Имено, Бред моментално таму снима филм за Втората светска војна, па поради тоа реши да се преселат на некој период.
– Бред се заљуби во ова место откако снимаше неколку сцени на Канаринските острови и токму поради тоа побара таму да има куќа, изјави извор близок до парот.
Вилата чини 2.6 милиони долари, а има осум спални соби со дневна соба огромна градина и базен. Во дневната има прозорци кои пружат поглед од кој ќе ви се одземе здивот!
Бред и Анџелина имаат повеќе домови. Минатата година купија куќа во Франција за 60 милиони долари, но и една во Њу Орлеанс за 5,6 милиони долари. Исто така имаат дом и во Лос Анџелес. Парот обично се сели кога некој од нив двајца имаат подолг проект за некој филм, со цел да бидат повеќе време заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст