Јас, Зоран Бојаровски, изразувам несогласување и револт во врска објавениот текст во печатеното издание на неделникот „Република“, во кое на низок и непрофесионален начин се врши атак врз мојата личност. Во објавениот текст на „Република“ на ден 27.05.2016 година, со наслов „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“, изнесени се лични податоци за износи исплатени од граѓански организации кои ме ангажирале хонорарно за да бидам изведувач на повеќе активности кои вклучуваат предавања, дебати, трибини или пишување на експертски текстови. Наведените износи, кои се поврзуваат со моето име и презиме, така како што се презентирани, не ја прикажуваат вистината и имаат за цел само да му наштетат на мојот углед. Освен што не се дава никакво објаснување од каде се добиени, овие податоци, најодговорно тврдам дека хонорарите за моите активности во изминатите две години не сум ги примил за учество на протести. Повеќе од очигледно е дека вака претставените информации имаат за цел да ја извртат вистината и да прикажат погрешна слика за мене како личност која целосно се залага за слобода и почитување на човековите права. Овие неовластено стекнати информации се претставени во контекст кој ја деградира мојата личност и професионалност. Овие невистинити текстови ме погодија како професионалец кој долги години работи на промоцијата и афирмацијата на слободата на изразувањето, како едно од фундаменталните човекови права, со што изградив доверба кај граѓаните. Следствено на овие изнесени причини, барам од неделникот „Република“, јавно да ми се извини за лажните наводи изнесени против мене, со што се повредени мојата чест и углед. Барам демантот и извинувањето да биде објавено во согласност со член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и тоа во рок од два дена од денот на приемот на ова барање, на истото место, време и обем, како и текстот заради кој ја доставувам оваа реакција. Ве известувам дека не ја исклучувам можноста да поднесам и тужба за утврдување на навреда и клевета, за заштита на мојата личност, чест и углед, а согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст