| четврток, 6 декември 2018 |

МЗМП: невистинити се тврдењата дека МЗМП исплаќа хонорари и плати за плукање и бојосување

mladi pravnici

Македонскотоздружение на млади правници (МЗМП) бара во рок од 48 часа да се извините и јавно да ја повлечете изјавата односно објавените изнесени невистините факти со која е сторена клевета кон МЗМП и тоа на истото место и во ист обем на вашата интернет страница. Барањето се однесува на изјавата објавена на вашата интернет страница на 27.05.2016 година под наслов: Има пари, нема мир – 6.000.000 евра за платеничката војска на Сорос, поднаслов: За уривањето на Македонија, Сорос потрошил фантастични 6.000.000 евра, наменети за плати и хонорари за главните плукачи и бојосувачи на македонскиот народ, неговата традиција, култура, историја, идентитет, СОРОС со години ја финансира војската на СДСМ која треба да го спроведе планот никој во оваа земја да не се идентификува со Македонија“ – http://republika.mk/?p=602452

Ова од причина што изнесувате во целост невистинити тврдења дека Македонското здружение за млади правници е дел од некаква непостоечка платеничка војска на Сорос, создадена за уривање на Република Македонија и исплаќа хонорари и плати за плукање и бојосување на македонскиот народ, неговата традиција, култура, историја, идентитет. Ваквите невистините тврдења се насочени единствено кон уривање на угледот на здружението.

Мартина Смилевска и Зоран Дранговски се вработени во МЗМП од 2010 година и нивните лични приходи се предмет на заштита согласно Законот за заштита на личните податоци.

МЗМП не исплатило денар на било кој надворешен соработник – адвокат, судија, јавен обвинител или експерт освен за нивен професионален ангажман во рамки на спроведените проектни активности. Со изнесувањето на овие невистините факти и тврдења, за кои сте должни и знаете дека се неточни сериозно го нарушувате угледот на Македонското здружение на млади правници, што претставува клевета сторена преку средство за јавно информирање.

МЗМП е невладина, непрофитна и независна организација и работи на образување на младите правници во Република Македонија, на заштитата на човековите права и слободи како и на владеењето на правото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top