Вкупно 39 мигранти, од кои 21 малолетно лице без документи за идентификација пронашла вчера полициската патрола во населбата Доброшане, Куманово.
Мигрантите, како што информира денеска МВР, биле пронајдени во напуштено товарно моторно возило „Форд Транзит“.
По наредба на Јавното обвинителство, три полнолетни лица мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци (ПЦС-Скопје) до расветлување на настанот.
Останатите 36 мигранти ќе бидат вратени во Транзитниот центар во Гевгелија, а потоа ќе бидат вратени за Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст