Платнените патеки оваа пролет се голем хит, а во продавниците има многу оригинални и впечатливи модели. Може да се комбинираат со различни комбинации, а совршени се за на кафе, но и за вечерни излегувања.
Идеални се за пролетни денови бидејќи се многу удобни и лесни, а понудата е навистина разновидна и богата. Ги има во различни бои, во различни видови, треба само да одберете. Овие патики може да ги комбинирате со кафен дезен, но и со слатка розова боја и со смирувачки сивобели нијанси.
За девојките што сакаат платнени патики до глужд што се врзуваат, има жолти, бели или виолетови модели кои изгледаат супер искомбинирани со кратки тексас пантолони и со широка маица со дезен.
Белите платнени патики, дефинитивно, се најубавите пролетни обувки бидејќи оваа сезона ги освоија срцето и ги стоплија стапалата на сите што сакаат да носат ненаметливи модели. Овие патики ги има и со пулејки ако сте нивни љубител.
Во платнените патики може да го поминете целиот ден. Освен што се лесни, ги има во сите бои, а некои повеќе потсетуваат на балетанки отколку на патики.
Овие патики одговараат речиси со сите модни комбинации, без разлика дали се работи за деловен изглед, кој вклучува здолниште со строг крој и кошула, или, пак, лелеав цветен фустан. Убавите патики ќе го истакнат стилот и ќе му додадат мала бунтовност.
Многу дизајнери ги претставија своите пролетни адути во кои доминираат монохроматски модели, како и модели со разни дезени – линии, точки, палми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.