На регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „пежо 306“ со скопски регистарски таблички, што го управувала 45-годишната скопјанка Т.Н. и товарно возило влекач „даф“ со дебарски таблички, управувано од И.П.(59) од Дебар.
„Во судирот, Т.Н. и тројца сопатници во возилото што го управувала, М.М. (46) и нејзините две осумгодишни машки деца (близнаци), задобиле тешки повреди и по укажаната лекарска помош во здравствените домови во Дебар и Ростуше, пренесени се на скопските клиники, каде што се задржани за натамошно лекување“, информираат од СВР Тетово.
По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст