Ракометарките на Хрватска во Целје загубија од Словенија со 24-23, во првиот натпревар од последната рунда во квалификациите за ЕП 2016 и ја закомпликуваа ситуацијата во групата 4 во која игра и Македонија. На хрватската репрезентација и требаше само бод од овој дуел за да го обезбеди пласманот на ЕП, но наместо тоа, Словенија победи и се изедначи со Хрватска и со Црна Гора на врвот на табелата со по шест бода. Ова е прва победа на Словенките против Хрватска по цели десет години која може да им донесе и пласман на ЕП.
Најзаслужни за победата на Словенија беа Ама Грос и Нели Ирман со по осум гола. Во хрватскиот состав, Соња Башиќ постигна осум, а Андреа Пенезиќ додаде седум гола.
Во вториот натпревар во групата 4, денеска (18 ч.) во СРЦ Кале во Скопје играат Македонија и Црна Гора.
Во последното коло од овој квалификациски циклус, Хрватска на 5 јуни ја пречекува Македонија. Пласман на ЕП 2016 обезбедуваат првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите.
Квалификации за ЕП 2016, група 4:
Словенија – Хрватска 24-23
Македонија – Црна Гора (денеска, 18 ч.)
Табела: Црна Гора 6 (-1), Хрватска 6, Словенија 6, Македонија 0 (-1)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.