Македонската филхармонија и оваа година ќе го одржи Симфонискиот концерт на кој како солисти настапуваат студенти од Државните факултети за музика од земјава.
На 2 јуни (четврток) во Домот на АРМ во 20 часот, под палката на маестро Саша Николовски- Ѓумар, ќе настапат седум млади талентирани музички уметници: Александра Чуруковска, контрабас (класа: проф. Велко Тодевски), Благоја Василвски, хорна (класа: доц. м-р Александар Гошев), Бранко Илиевски, тромбон (класа: проф. м-р Александар Бенчиќ), Александар Илијевски, труба (класа: проф. м-р Васо Ристов), Игор Бакревски, кларинет (класа: проф. м-р Сава Димитров), Оскар Ереш, гитара (класа: вонр. проф. м-р Дарко Багески) и Иван Трајковски, пијано (класа: проф. д-р Марија Ѓошевска). Овој концерт ќе донесе спој од талент, креативност, младешка енергија и атрактивна програма.
Ќе бидат изведени: Концерт за контрабас и оркестар (1 став) од Драгонети, „Лов под месечина“ од Винтер, Концерт за тромбон и оркестар од Томази (3 став), Концерт за труба и оркестар од Томази (1 став), „Цигански напеви“ од Сарасате, Концерт за гитара и оркестар (2 став) од Вила-Лобос и Концерт за пијано и оркестар бр.3 од Прокофјев (1 став).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.