Со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, деновиве е издаден вториот број на ревијата „Стрип алманах“, всушност, специјално издание на постојаното стрип-списание „КРЕАТОР“.
И овојпат издавач е Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Се работи за авторски сценаристички проект на Ване Трајков, според чии сценарија своите стрипови ги цртаа македонските автори: Ненад Станчев, Милан Милиќ, Александар Цакоски, Џошкун Алиевски, Илчо Стојановски, Горан Мазнев и доајенот Миле Топуз.
И во ова издание се застапени автори од странство: Ања Тановиќ од Нови Сад и Сабахудин Мурановиќ-Муран од Босна и Херцеговина.
Според Ване Трајков, изданието „Стрип-алманах“ докажува дека Македонија има талентирана , но недоволно мотивирана стрип-сцена. Секој од застапените цртачи добива мал, но сепак суштински хонорар,што праќа симболична порака до сите.
Професионалноста на македонската стрип-сцена подразбира како обврски, така и права на авторите. Омасовувањето на македонската стрип-сцена, како задача на Македонскиот стрип-центар се остварува и преку повеќе од 130 нови таленти, кои ги поднесоа своите дела по објавениот стрип-конкурс за ученици на ниво на Македонија.
Делата од овој конкурс се во рамки на неколку настани . Интернационалниот стрип-салон во Велес и Балканската смотра на млади автори во Лесковац, Србија.
Завршната манифестација ќе се одржи на 11 јуни на базен Плаја виста во склоп на манифестацијата „Скопје креатива“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст