| четврток, 6 декември 2018 |

Веќе нема да ги гледаме – се менува жирито на „Пинкови ѕвезди“

Жирито во оваа сезона на „Пинкови ѕвезди“ го сочинуваат: Светлана Цеца Ражњатовиќ, Бора Чорба, Мирослав Илиќ, Марина Туцаковиќ и Харис Џиновиќ. Како што стојат работите, наводно следната сезона во фотелјата нема да се најде ниту еден актуелен член на жирито.

386617-ceca-misli-deka-im-zdosadivme-na-lugjeto

Иако Бора изјави дека премногу му е жал што се дели од колегите, популарниот рокер призна дека разделбата е неизбежна.

– Не знам за другите членови, разговарав со Цеца, таа мисли дека сме им досадни на луѓето. Од друга страна, сепак, мислам дека е штета оваа екипа да престане со сабота. Иако, можеби Цеца е во право, – изјавил Бора за „Ало.рс“

Додека Бора размислува за понатамошен ангажман, Мирослав Илиќ сѐ уште се мисли, а Марина Туцаковиќ претходно изјави дека во следната сезона нема да ја гледаме.

– Доволно беа две години, потребна е нова сезона и нови луѓе – рекла Марина.

Од друга страна, Харис Џиновиќ ќе биде отсутен од следната сезона на „Пинкови ѕвезди“ поради деловни обврски и обврски во врска со снимање на новиот албум.

Сѐ уште не се знае кој ќе ја замени оваа позната петорка, бидејќи од телевизијата сѐ уште не е официјално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top