Американскот магазин Форбс објави втора по ред годишна листа на најбогати жени во САД кои сами стекнале богаство, а девет жени кои уредништвото ги избра за насловна страна имаат вкупно 9,7 милијарди долари.
Меѓу жените убедливо најбогата е најстарата членка на таа елитна група – Дајан Хендрикс (69) која со сопругот Кенет ја основа во 1982 година Еј-Би-Си саплај. Откако почина нејзиниот маж во 2007 година успеала одбие обиди за преземање на компанијата и денес има богатство од 4,9 милијарди долари што и обезбедува прво место на листата, пред водителката Опра Винфри со 3,1 милијарда долари.
Најмлада на насловната страничка е 32-годишната Софија Аморузо која пред 10 години покрена моден бренд Нести гал, и сега има 280 милиони долари и не е од индистријата за забава.
На листата единствено помлада од неа е Тејлор Свифт (26) која со богатство од 250 милиони долари е на 60 позиција, а четири места пред неа е Бјонсе која има 265 милиони долари. Шерил Сендберг и Мариса Маер, директорки во Фејсбук и Јаху се на 14 и 33 место, а актерката Џесика Алба е на 42 место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.