Дипломатски извори попладнево за „Танјуг“ потврдија дека Хрватска писмено дала сагласност за отворање на поглавјето 23 од преговорите на Србија за приклучување кон Европската унија.
Поглавјето 23 се однесува на правосудството и темелните права и вредности и е едно од двете поглавја поради кои Хрватска имаше специјални барања.
Второ е поглавјето 24, кое се однесува на правдата, слободата и безбедноста.
Хрватска бара како мерило за отворање на поглавјето 23 во преговорите со Србија да се побара целосна соработка со Хашкиот трибунал, да се укине законот за надлежноста на Србија за процесуирање на воените злосторници на просторот на цела поранешна Југославија, како и да се обезбедат правата на хрватското малцинство.
Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, чија земја на 1 јули го презема шестмесечното претседателство со Европската унија, оцени дека се ближи деблокадата во пристапниот процес на Србија.
– Блокадата не е решение. Во интерес на сите е Србија да напредува во процесот на интеграција. Отворањето на поглавјата 23 и 24 е најлогично и потребно е како за Србија, така и за ЕУ – изјави Лајчак за „Танјуг“ во Брисел.
– Сакаме да видиме дека Србија тргнала напред. Сакаме да видиме отворање на поглавја и во текот на нашето претседавање – рече Лајчак, додавајќи дека, освен поглавјата 23 и 24, постојат и други поглавја кои се подготвени за отворање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст