Дијана Беќировиќ денеска живее во Америка и се претставува како Дијана Нивен. Фотографијата на која на 17 години позира гола на дуперка во „Старт“ во Југославија предизвика вистински земјотрес. Потоа нејзиниот пат повеќе личеше на холивудски хит отколку на приказна за девојка од селото Луковац кај Тузла, која успеала во животот. Дијана Беќировиќ беше првата пинап девојка во Титова Југославија.
Се фотографираше малолетна за дуплерката на познатиот магазин „Старт“
Самите почетоци се врзани за разни натпревари за убавина. Изборите за мис на Јадранот и на Југославија. Се сеќавам дека многу луѓе ми помагаа во почетокот на кариерата, а најмногу Дуња Ланго и Минимакс. Почнаа да ме викаат за фотографирања за насловни страници, работата почна да станува голема и така стигнав до дуплерката на „Старт“, тогаш најпопуларниот магазин, кој сурово ме атерира во реалноста. Бев клинка, имав само 17 години и почнаа сите тие луѓе околу мене: фотографи, менаџери, да зборуваат дека би било многу добро да наравам фотосесија на која ќе бидам гола, се сеќава Дијана.
Но, кога се појавиле фотографиите, доживеала вистински шок.
Кога си ги видов сликите на дуплерката на „Старт“ се отрезнив. Вистински шок доживеав, не само за мене, туку и за моето семејство. Не смеев да се вратам дома и речиси половина семејство не ми зборуваше. Тоа ме уништи. Бев мртва, а се уште не бев ни полнолетна. Преку ноќ станав југословенски секс симбол, а се немав ни љубено дотогаш. Почнав да растам, а сето тоа што се случи со „Старт“ ме преплаши. Бев етикетирана како секс бомба, а всушност не ни знаев што е секс.
Потоа се сликала за американскиот Плејбој и почнува да работи како манекенка во Италија. За разлика од денешните старлети, кои бистрат жолта литература во трафика, Дијана учела. Има дипломи од три факултети, од кои едниот е новинарство. Набрзо стигнала до РАИ како новинарка на емисија со религиозна содржина. Папата Јован Павле Втори ѝ бил гостин неколку пати, а папата Бенедикт XVI ја возел на веспа додека бил кардинал, па набрзо почнале да кружат трачеви дека му е љубовница.
Го направила последното интервју на Ајритон Сена, 24 часа пред да загине, од Рим во Лос Анџелес ја однел Ахмет Артегун, основачот на „Атлантик рекордс“, човекот кој бил задолжен за кариерата на ѕвезди од рангот на Ролингстоунс, Лед цепелин, Реј Чарлс, Арета Френклин. Ѝ се додворувале Арнолд Шварценегер, Род Стујард, а била во врска со Горан Бреговиќ. Во последното продолжение на „Кум“ го запознала Ал Пачино во дискотека.
Тој не беше по дискотеки и клубови, но дојде пораиди мене. По некое време стана и пред сите ми рече да појдеме. Почнав да се смеам на цел глас и му реков дека може да оди, но без мене. Полуде: „Како не сакаш, ти си единствената жена која ми рекла не“. Му реков да се смири за да не заврши во лудница. И тоа не е најинтересното – само два дена откако му реков дека ќе облече лудачка кошула, заврши на психијатрија.
Сепак, Дијана смета дека Ал е прекрасен тип, но иако многумина го гледаат како „Кум“ или „Човек со лузна“, таа го доживеала како стегнат човек. Можеби поради натрупаните комплекси.
Минатата година по 30 години отсуство видена е во Дубровник на Страдун. Откако живее во Лос Анџелес се занимава со новинарство, а соработува со филмскиот консултант Марк Дам како консултант.
Деновиве излегува нејзината биографија „Дијана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст