Во Националниот институт за источни јазици и култури ИНАЛКО, кој е еден од основачките и најреномирани членки на универзитетскиот комплекс Сорбона во Париз, вчеравечер пред истакнати француски и меѓународни претставници беше претставена македонската култура и уметност.
Сесијата ја отвори професор Фроса Бушеро, истражувач на македонскиот јазик и македонската дијаспора од Франција, а предавање на тема „Миграциите во македонската уметност и колективната меморија на Македонците“ одржа Љубен Тевдовски, директор на Музејот на град Скопје.
– Предавањето на д-р Тевдовски екстензивно го презентираше развојот на современата македонска уметност во комплексните услови на општествени трансформации, безбедносни и политички предизвици во текот на последните два века. Пред реномираната француска и меѓународна публика се разговараше за сензибилитетот на поезијата на Миладинов и Рацин, уметничките дела на Димо Тодоровски и Борко Лазески, пораките на сценаријата на Арсени Јовков и Ташко Георгиевски, но и културната отвореност и толеранција на Македонија пред предизвиците и современите миграторни процеси, соопшти Музеј на Град Скопје.
На сесијата се обрати и Христина Александропулос, истакнат истражувач и предавач на ИНАЛКО, која зборуваше за животните стории, впечатоци и култура на бегалците од граѓанската војна во Грција.
Сесијата посветена на македонската уметност и колективната меморија на Македонците ја затвори реномираната Балканска средба во Институтот за источни јазици и цивилизации во универзитетскиот комплекс Сорбона.
Во продолжение на културното претставување на Македонија, вечер во „Ле Палас“ ќе биде отворена изложбата „Балканскиот Дон Кихот“ на реномираниот македонски уметник Владимир Георгиевски. Изложбата е организирана од Музејот на град Скопје и организацијата ИКОН и ќе ја отворат директорот на Музејот Тевдовски и организаторот на фестивалот „SEE A Paris“ – Јордан Плевнеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст