о одредени делови на Гевгелија,особено парковите во основното училиште „Владо Кантарџиев“, централната детска градинка и пред зградата на Водната заедница, млади деликвенти во вечерните часови се собираат и предизвикуваат оштетувања на урбаната опрема и прекршување на јавниот ред и мир, информираа од надлежните општински служби.
Доказ за тоа се искршените клупи и канти за отпадоци како и расфрлените шишиња од алкохолни пијалоци кои сведочат за журките на јавните површини поради што по претходни пријави од граѓани, градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска побара од инспекциските и службите за обезбедување засилена контрола пред се на присуството на малолетници на местатата каде што се собираат во вечерните часови.
Поради сериозноста на појавата, која инаку беше вообичаена по завршувањето на учебната година, градоначалникот Франгов побара наскоро да се свика и Локалниот совет за превенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст