| четврток, 6 декември 2018 |

Џогани ја претепа сопругата, задржан е во полиција

Познатиот музичар и танчар, Гаги Џогани, ја претепал невенчаната сопруга и и ги исфрлил сите работи од прозорецот. Како што ексклузивно дознава српскиот Ало, Гаги ја претепал 36-годишната Милена Микиќ, поради што е задржан во полиција.

gagi-dzogani-360x288

Инцидентот се случил во петокот, неколку минути пред полноќ. Несреќната жена едвај повикала полиција и брза помош. Во Ургентниот и констатирале тешки телесни повреди на главата. Од ударите пејачот и го повредил черепот. Соговорник од Клиниката тврди дека несреќната Милена има нагмеченици и напукнатини на черепот.

Се почнало со ситна расправија, која кулминирала кога Гаги се разбеснил, загубил контрола и ја претепал.

Соседите велат дека често се слушале кавги од нивниот стан.

Гаги не одговара на повиците на новинарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top