Историска одлука со која се забранува пушењето на цигари низ целата земја неодамна беше донесена од страна на претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимукамедов.
Тој донел проглас со кој сите продавници ќе се казнуваат со 1.500 евра доколку бидат фатени како продаваат цигари. Неговиот потег веднаш се одрази и на црниот пазар, каде цена за кутија цигари моментално се проценува на околу 10 евра.
И покрај фактот дека Туркменистан е земја во коај сите медиуми се во државна сопственост, оваа информација успеала да „побегне“ благодарејќи на друштвените мрежи, каде младите изразиле незадоволство поради новиот закон.
Колку пушењето е сериозно сфатено во Туркменистан, вели и фактот дека на Атадар Одманов, министерот за здравје, му го одзеле чинот полковник, бидејќи не успеал да го намали бројот на пушачи во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.