| четврток, 6 декември 2018 |

По 1.300 евра за летување на секој вработен Хрват, но постои еден услов

Хрватските власти размислуваат за воведување на нова мерка со која работодавците би им давале ваучери од по 10.000 куни, околу 1.300 евра, на секој вработен.  Државата тоа би им го признала како даночно олеснување.

Сепак, ваучерите ќе треба да се искористат за летување на континенталниот дел на земјата, или пак, ако веќе сакаат на море, ваучерите ќе важат само вон сезона. Со ова би се поттикнале домашните жители на одмор во континенталниот дел од земјата и надвор од главната сезона на Јадранот.

Дали овој систем ќе се применува во Хрватска, ќе биде појасно по разговорите кои со унгарските колеги за таа тема ги води министерот за туризам Антон Климан, пишува „Слободна Далмација”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top