Лекарите предупредуваат на постоењето на нималку наивното внатрешно сало околу виталните органи, дури и кај слабите луѓе.
И покрај втемеленото мислење дека нормалната телесна тежина е показател на доброто здравје, поедини лекари предупредуваат на постоењето на нималку наивното внатрешно сало околу виталните органи, дури и кај слабите луѓе. Масните наслаги околу срцето, црниот дроб или панкреасот понекогаш се поштетни од оние на стомкот или бутовите, тврди професор доктор Џими Бел од колеџот Империјал во Лондон.
Тој со тимот соработници со скенер прегледал околу 800 доброволци и направил „мапи на салото“ на кои се гледа каде сè организмот ги таложи мастите. Во истражувањето учествувале и професионални манекенки, кај кои исто така е регистриран вишок на внатрешните масни наслаги.
Податоците собрани на овој начин покажуваат дека луѓето, кои тежината ја регулираат со диета, а не со вежбање, често имаат внатрешни наслаги на сало, иако делуваат витко. Слабите луѓе понекогаш живеат во погрешно убедување дека се е во ред ако немаат вишок сало околу половината – предупредува д-р Бел.
Британските стручњаци сметаат дека внатрешните масни наслаги го зголемуваат ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.
– Ако сакате само да изгледате убаво, доволно е да држите диета. Но, ако сакате да бидете витки и здрави, физичаката активност мора да заземе значајно место во вашиот живот – порачуваат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.