Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска и утре учествува на 11. Годишна прегледна конференција за соработка во областа на гранична безбедност во Југоисточна Европа која се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина.

На конференцијата, соопшти Министерството за внатрешни работи, присуствуваат и министри за внатрешни работи на земјите од Југоисточна Европа, како и високи претставници на Фронтекс и Европол.
Се очекува, министерот Чавков во текот на утрешниот ден да претседава на панелот посветен на „Регионална соработка во областа на гранична безбедност: научени лекции и соочување со нови предизвици“.
Инаку, денеска на маргините на конференцијата министерот Чавков оствари билатерални средби со Боштјан Шефиќ, државен секретар при Министерство за внатрешни работи на Словенија, Драган Мектиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а ќе се сретне и со Елона Ѓебреа, заменик – министер за внатрешни работи на Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


