Познатиот теоретски физичар во емисијата „Добро утро Британија“ изјави дека нема објаснување зошто е Доналд Трамп толку популарен.
– Тој е демагог кој им одговара на најмалку заеднички содржатели (што во жаргон, во превод би значело и група глупави лица) – изјави Хокинг.
Тој апелираше на Британците на референдумот да гласаат за останување во Еропската унија бидејќи тоа е важно не само за економијата и безбедноста на земјата, туку и за научните истражувања.
– Поминаа деновите кога можевме да бидеме сами против светот. Сега мора да бидеме поголема група – смета Хокинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.