| четврток, 6 декември 2018 |

Не биле задоволни од услугата: Гости претепаа вработен на бензинска

Ноќва во 4 часот во ресторан во склоп на бензинската станица „Лукоил“, лоцирана на автопатот Куманово – Скопје, вработениот В.Н. (23) од Куманово физички бил нападнат од поголема група непознати лица, гости во ресторанот.

Сторителите влегле во ресторанот и незадоволни од услугата, почнале да навредуваат и да упатуваат пцости кон вработениот, по што физички го нападнале удирајќи го во пределот на телото и на главата, нанесувајќи му повреди во пределот на лицето и на вратот. Потоа лицата го напуштиле објектот и побегнале во непознат правец.

Увид извршила екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top