| четврток, 6 декември 2018 |

„Разговори во четири очи“ го затвори ФЕМАРТ

Вчеравечер, 30 мај, заврши 4. издание на Фестивалот на жени уметници во борба за човечки права ФЕМАРТ – Приштина, Косово. Чест да го затвори ова фестивалско издание имаше претставата „Разговори во четири очи“ во режија на Нина Николиќ.

Оваа претстава, која е во копродукција на Македонскиот народен театар и „Скопје филм студио“, се надоврза на идејата на фестивалот: што се покажа од одличниот прием и задоволство од виденото. Екипата и режисерот видно задоволни од пречекот и изведеното ги истакнаа високите повратни ефекти од страна и на публиката и на организацијата. Имено, публиката ја проследи претставата со големо внимание, и без разлика на јазичните препреки и бариери ја разбра пораката и суштината на истата и реагираше со воодушевување. Одличната актерска игра, составена од веќе докажани, но и млади актери, уште еднаш ги оправда очекувањата кај публиката и организаторите, и беше испратена со долги стоечки овации.

ФЕМАРТ, иако прилично млад фестивал, но со голема амбиција, го промовира новото и модерното во културата. И оваа година, организациски тие се покажаа на највисоко професионално ниво, и понудија многу активности и беа домаќини на над стотина учесници жени авторки од Европа и регионот. Фестивалот прикажа оригинални и уметнички креации во повеќе категории: театар, документарни филмови, работилници, изложби, промоции на книги, концерти, поезија и други уметнички форми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top