| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов големи родендени – Северина ќе пее на приватни забави во Штип и во Скопје

severina22

Газдата на штипската винарница „Еземит“ в петок ќе прави роденденска забава, а гостите да ги забавува ја избрал Северина. Таа ќе биде главна и в сабота во Скопје, на роденденската забава на „Систина“, што ќе се одржи во летниот клуб „Привилиџ“.

На списокот на барања ѕвездата од Хрватска ги навела газдата од Штип да ја земе со џип од скопскиот аеродром, на масата каде што ќе седи да има само специјални вина и шампањ „Моет“ и обезбедувачи, а на настапот и двајца кои ќе ја обезбедуваат вратата на собата во која ќе спие.

Северина обично ги најавува гостувањата и импресиите од настапите, но засега не ја споделила веста, сѐ уште е окупирана со новиот сингл што го промовира пред некој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top