| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да чуете подобар совет за депресија

Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешнината, но и личност која цел живот се бори со тешката болест на моторните неурони, и наспроти сите животни маки тој секогаш оди напред. Дали мислите дека некој може да ви даде подобар совет за депресија од него?

thumb460_85263_v205716

На предавањето за црните дупки на „Ројал институтот“ во Лондон, Стивен Хокинг од интересен агол ѝ пристапи на темата депресија која е проблем кај голем број луѓе низ светот.

Како метафора за борбата со овој проблем ги искористил, очекувано, црните дупки во вселената, додека зборувал за тоа како ги  надминал тешкотиите со кои се сретнал во животот.

-Пораката на ова предавање е дека црните дупки и не се така црни како што се претставени . Тие не се повеќе бескраен затвор како што порано се сметаше. Работите може да излезат од црните дупки надвор и да преминат во друг универзум. Па, ако се почуствувате како да сте во црна дупка, не  откажувајте се– постои излез – заклучил славниот научник.

Хокинг не само што е брилијантен научник чиишто откритија го „свртија“ научниот свет од сите страни, туку поседува и силна волја. На 21 година му била дијагностицирана блеста на моторните неурони, а лекарите не му давале повеќе од две години живот.

Меѓутоа, професорот Хокинг не само што преживеал уште многу, многу години, туку направил и големи откритија, пишувал книги, држел предавања и така продолжил да ги инспирира луѓето низ светот.

Логично е дека вреди да се послуша неговиот совет затоа што и во најцрните моменти само треба да се сетите дека секогаш постои излез!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top