| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо свадба, погреб: Лекарите со солзи ги пресадуваа неговите органи

Потполно здраво 25-годишно момче ненадејно доживеало мозочно крвавење и починало. Неговите органи спасија три животи

Во Клиничкиот центар на Србија во Белград во саботата беа изведени три трансплантации: на црн дроб и на два бубрега. Сите три органи од ист донор.

Но, овие трансплантации ќе останат запаметени не само по успешноста, туку и по приказната за момчето-донор. Во петокот во Ургентниот центар било примено момче поради мозочно крвавење.

Младичот имал 25 години, бил полетен, никогаш не боледувал. Но, ненадејното крвавење било кобно за него. Лекарите само констатирале мозочна смрт.

– Сите плачевме над неговата судбина. И сестрите и лекарите. Особено кога дознавме дека бил пред женачка. Неговите најблиски беа во шок, но и покрај толкава тага, дозволија да ги земеме органите за да спасиме тројца пациенти, раскажува за Блиц д-р Наташа Петровиќ, од Ургентниот центар во Белград.

Црниот дроб го добила 30-годишната Р.М. од Лозница, која веќе 20 години се лекува од автоимуна болест на џигерот.

Сите тројца пациенти кај кои е извршено пресадувањето се чувствуваат добро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top