Северна Кореја се обиде да лансира ракета, но безуспешно, изјави јужнокорејски војник. Проектилот е истрелан од источниот град Вонсан во 5,20 часот, изјавија од штабот на Јужна Кореја.
– Нашата војска е подготвена за евентуални дополнителни провокации – изјави Јеон Ха-Гју, шефот на јавните работи во Јужна Кореја, за „Журанл сил сајанс“.
Типот на ракетата засега не може да биде со сигурност идентификуван, но се претпоставува дека станува збор за балистички проектил од среден дострел Мусудан, објави јужнокорејската агенција „Јонхап“ повикувајќи се на неименувани воени извори.
Изолираниот комунистички режим на Северна Кореја во април, исто така, изврши неуспешно лансирање на ракетата тип Мусудан. Станува збор за најновата ракета во низата тестови кои ги спроведува Северна Кореја како земја која се обидува да ја унпареди програмата на вооружувањето и покрај негодувањето на меѓународната заедница и нејзиниот најблизок регионален соработник Кина.
Главниот декретар на кабинетот во Јапонија Јошиде Суга, изјави дека нема потврда дека ракетата летала кон Јапонија. Последните неколку месеци беа посебно спорни на Корејскиот полуостров откако Северна Кореја тврдеше дека ја тестирала својата прва хидрогенска бомба и лансирала сателити во орбитата. Акцијата прекрши многубројни резолуции на Советот на безбедност на Обединетите нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит