| четврток, 6 декември 2018 |

Завршува судењето „Фабрика за афери“: Судот денеска ќе ја соопшти пресудата за Чаушот

caus sudenje

Во случајот „Фабрика за афери“ браќата Захир и Имер Беќири се осомничени дека печателе лажни лични карти, пасоши и други документи. При претреси на повеќе локации беа пронајдени поголем арсенал оружје, лаптопи, мобилни телефони, електронски мемориски уреди и разна документација. Во домот на Чауш беа пронајдени и повеќе од 70.000 снимени разговори

Кривичниот суд денеска ќе ја соопшти пресудата за Захир Беќири – Чауш и за неговиот брат Имер Беќири, кои се осомничени во случајот „Фабрика за афери“ за печатење лажни лични карти, пасоши и други документи.

Обвинителката Наташа Гоџоска вчера во своите завршни зборови, меѓу другото, рече дека од сведочењето на вештаците било потврдено дека дополнително ставање податоци на компјутерски уреди би се покажало, а такво нешто не било утврдено. Ова се однесува на вештачењето на компјутерските уреди пронајдени во домот на Чауш во кои беа пронајдени 70.000 незаконски прислушувани разговори и база на податоци со украдени идентитети на повеќе од 120.000 граѓани.

Адвокатот на обвинетите браќа, Мирослав Вујиќ, рече дека обвинението е резултат на тримесечно сценарио и дека сè почнало со претресот во домот на Чауш на 18 декември минатата година, кога претресот се вршел под сомнение за поседување дрога, но притоа биле одземени компјутери, УСБ и лап-топи. Тој, пак, спротивно на Обвинителството, тврди дека податоците пронајдени во уредите им биле вметнати дополнително. Тој побара ослободителна пресуда за Захир и за Имер Беќири.

Двајцата обвинети пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Чауш и неговиот брат се товарат за изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело, фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци.

Судењето за случајот „Фабрика за афери“ почна во април, а како главен сведок беше сослушан новинарот Љубиша Арсиќ кој прв ја објави аферата во неделникот „Фокус“ откако анонимен извор му даде 105 фалсификувани лични карти. Тој рече дека откако телефонски се договориле, се сретнал со лице, чиј идентитет не го откри, а кое на улица, во близина на редакцијата на „Фокус“, му ги предало 105. лични карти кои биле завиткани во бел лист, при што му рекло дека тие се фалсификувани, дека се изработуваат на две локации, дека полицијата знае за тоа и дека постојат околу 30.000 фалсификувани лични карти кои биле користени за избори.

– Тоа за мене беше доволно да се заинтересирам за случајот. Прво ги однесов личните карти во МВР и поднесов пријава, а по два дена го објавив првиот текст во врска со случајот. Потоа, беше важно да не се занимаваме само со фалсификуваните лични карти, туку почнавме да истражуваме пошироко – кои се лицата на фотографиите на личните карти, дали постојат, дали личните податоци се нивни и вистинити и да се обидеме да одговориме на дилемата дали ваквите лични карти завршиле на избори? – рече Арсиќ.

ој пред Судот рече дека и по седум месеци од овој настан, за него, како и за редакцијата на „Фокус“ и натаму е непознато кој, каде и со каква цел ги изработил личните карти, дали е нечија нарачка и дали некој платил за нивната изработка? Тој не откри кој му ги дал фалсификуваните лични карти. На прашање на Јавното обвинителство дали го знае идентитетот на лицето, Арсиќ рече дека изворот останува анонимен.

На рочиштата  беа сослушани и десетина граѓани, чии лични податоци биле злоупотребени за изработка на фалсификувани лични карти. Заедничко кај сите во исказите беше дека не знаеле дека нивните податоци се употребени за печатење лични карти.

Беа сослушани и вештаци од Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при МВР.

Инаку, Чауш во моментов издржува казна затвор во „Идризово“ за друго кривично дело.

При претреси на седум локации во Скопје и во околината, како и во ќелијата на Чауш во „Идризово“, беа пронајдени поголем арсенал оружје, лаптопи, мобилни телефони, електронски мемориски уреди и разна документација.

При првичните претреси во неговиот дом во декември минатата година беа откриени повеќе од 70.000 снимени разговори, а кои, според сознанијата на истрагата, требало да бидат употребени како материјал за уценување лица од бизнис-секторот и од политичката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top