| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво на храбриот полицаец: Не сум видел нешто пострашно, на Никола му гореа нозете

soobrakajka-gori

„Мене само Господ ми даде сила, а на младите момчиња им беше судено да живеат. Немам друго објаснување за она што се случи“. Ова го раскажува полицаецот Жарко Стојковиќ, кој завчера спаси две момчиња од страшна сообраќајна несреќа во Србија.

20-годишниот Никола Крстиќ и неговиот 16-годишен пријател од Ниш, завчера беа извлечени од автомобил кој гореше и само со помош на храбриот полицаец останаа живи.

– Во своите 52 години не сум видел нешто вакво, а верувајте во мојата кариера се сум се изнагледал. Возилото не се ни гледаше, излегуваше оган и чад. Знаев дека може во секој момент да експлодира, морав да помогнам, вели полицаецот за српскиот Курир.

Сообраќајката се случила викендов во 1 часот и 45 минути кога возилото Шкода Фабиа во кое биле двете млади момчиња со голема брзина излетало од коловозот и удрило во бандера, се извртело, удрило во паркиран автомобил кој бил на синот на полицаецот, по што се запалило.

soobrakajka-gori2

– Спиев кога го слушнав страшниот звук. Излегов веднаш од дома, а возилото веќе гореше. Децата беа во шок, не можеа да излезат од пламените јазици. Ужасно беше, на едното од нив му гореа нозете во автомобилот. Не размилсував ни дека можам да настрадам, едноставно притрчав да помогнам и дадов се од себе. Дури сега кога шокот помина сфаќам дека сме среќни што преживеавме сите, бидејќи автомобилот гореше, а можеше и да експлодира во секој момент.

Во спасувачкиот момент се приклучил и синот на полицаецот кој притрчал да помогне и на момчињата и на татка си.

soobrakajka-gori3

За среќа, момчето чии нозе гореле сега е пуштено на домашко лекување. Има модринки и расекотини, но е во стабилна состојба.

Малолетникот е згрижен на Детска хирургија, но и тој не е во животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top