| четврток, 6 декември 2018 |

Дијаспората годишно внесува 600-700 милиони евра во Косово

kosovo-1

Дијаспората е и ќе остане значајна за економскиот развој на Косово. Таа оценка е дадена на конференцијата одржана во Приштина на тема: „Дијапоспора-инвестиции и вработувања“.

На конференцијата бил изнесен податокот дека годишно косовската дијаспора испраќа од 600 до 700 милиони евра, средства кои, како што било нагласено, треба да се насочат во инвестиции во земјата.

Министерката за трговија и индустрија, Хикмете Бајрами, зборувајќи за фискалните реформи, изјавила дека има подобрувања на полето на рализација на бизнисот.

И германската амбасадорка во Косово, Ангелика Виетс, која учествувала на конференција високо го оценила продонесот на дијаспората за Косово, прогнозирајќи раст на косовската економија до четири насто во наредните две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top