Поради најава за бура проследена со силни грмотевици и Хрватска е во жолта алертна фаза, а од удари на гром веќе се повредени десетици лица во Европа. Поради најави за обилни врнежи и силни грмотевици во Србија од вчера е прогласен жолт метеоаларм, зашто временските неприлики можат да бидат потенцијално опасни. Во Македонија се уште не е прогласена жолта фаза, но има најави за невреме со силни грмотевици.
Што да сторите кога ќе почне да грми
Метеоролозите препорачуваат дека треба да внимаваме каде се наоѓаме кога ќе почне да грми. И затоа, доколку по 30 секунди по молњата се слушне удар на гром, потребно е да влезете во затворен простор, да избегнувате контакт со метални преднмети и млазови вода од чешма, а сите електрични уреди мораат да бидат исклучени. На оние кои ќе се најдат на отворено и автомобилот може да им биде безбедно засолниште. Исто и стебло од дрво, но во парк, а не на отворено. Ако сепак дојде до несреќен случај, тереба да се знае дека жртвата на удар од гром не претставува опасност за оној кој укажува помош.
Никако не треба да се стои под осамено дрво, на отворен простор, на рамнина, зашто така постои голема можност да ве удри гром. Не е точно дека чадор со метални делови и мобилен телефон привлекуваат горомови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст