„За среќа, јас и сопругата го избегнавме најлошото додека во саботата патувавме кон Гевгелија. Мојата сопруга најпрво велеше дека е во ред, но подоцна се пожали на болки, бидејќи беше врзана со сигурносен појас. Доби лекарска помош во Велес и во Скопје и сега се чувствува добро“, вели во изјавата за „Утрински весник“, пратеникот и лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, кој викендов мина неповреден во сообраќајна несреќа што се случи пред селото Удово на магистралниот пат кај Демир Капија.
Во возилото во кое патувал заедно со сопругата, директно се забил автомобил што доаѓал од спротивниот правец и само среќата, но и присебноста на Трајанов, спречиле да се случи најлошото. По судирот, на повреди се пожалиле три лица, но по укажаната лекарска помош, тие се пуштени на домашно лекување.
Павле Трајанов раскажува дека на патот кон Гевгелија се движел со пропишаната брзина на десната страна од коловозот, додека од левата страна се создала колона возила, во кои имало и цистерна и шлепер…
„Одеднаш од другата страна излета автомобил што ја престигнуваше колоната на полна линија. Се обидов колку што е можно повеќе да се тргнам на работ од десната страна. Проценив дека би било контраефективно да запрам, затоа што од десна страна го имав Вардар, а од левата еден куп возила и прашање е како ќе реагираше автомобилот при нагло запирање. Другиот автомобил иташе кон нас. На крајот, забележав и дека се обиде да запре, но беше премногу доцна да се избегне судирот. За среќа, не се случи најлошото. Мојата сопруга најпрво велеше дека е во ред, но подоцна се пожали на болки, бидејќи беше врзана со сигурносен појас. Доби лекарска помош во Велес и во Скопје и сега се чувствува добро“, вели Трајанов.
Според информации од полицијата, во саботата околу 16 часот кај месноста Водисирска Куќа, дошло до судир меѓу „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Н. (32) од Кочани и „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки што го управувал 64-годишниот Трајанов. Двајца сопатници во „пунтото“, кои биле на возраст од 29, односно 56 години, како и сопругата на лидерот на Демократски сојуз се здобиле со повреди и тие најпрво биле префрлени во велешката, а потоа и во скопските клиники. Тројцата патници се надвор од животна опасност. По извршениот увид, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст