Точно пред 25 години екипата на Црвена звезда стигна до титулата европски првак со победата над Олимпик Марсеј извојувана на теренот во Бари. Човек на одлука беше Дарко Панчев, македонскиот ас кој беше прецизен во клучните моменти и му го донесе големиот трофеј на белградскиот состав. На јубилејот од тој фантастичен успех, Панчев во разговор за српскиот портал „Телеграф“ се навраќа на моментите пред самото изведување на ударот од белата точка.
„Во тоа време во Југославија нерешените средби се решаваа со пенал-рулет, па ние бевме во прдност бидејќи го трениравме тоа секојдневно за домашните натпревари. Јас и на тие натпревари шутирав последен, тоа остана и за финалето во Бари. Бев убеден дека ќе погодам, но исто така и потајно се надевав дека некој од играчите на Олимпик ќе промаши претходно, за да не шутирам под уште поголем притисок. Јас отсекогаш сум чекал голманот прв да реагира, да видам каде ќе тргне, па потоа да ја упатам топката. Истото беше случај и со Олмета. Тој ме чекаше, а потоа во последен момент се „скрши“. Затоа изгледа дека таа топка минува близу до него, но кога голманот ќе тргне и ќе остане на крива нога, тој не може да се врати. Постојат снимки од камерата зад голот на кои добро се гледа како непосредно пред шутот ја кревам главата, во даден момент го гледам движењето на голманот и решавам каде ќе шутнам“ – вели Панчев за српскиот „Телеграф“.
Финалето во Бари е познато како едно од најздодевните поради премногу претпазливата игра на двата тима, но Македонецот посочува дека тоа бил исклучително добар потег на тренерот Љупко Петровиќ.
“Ако игравме со Марсеј два меча во полуфинале, ќе покажевме повеќе, ќе дадовме голови и ќе се пласиравме. Сепак, ова беше финале и се се сведе на прашањето „Сакате да играте убаво или сакате да освоите трофеј?“. Дојде време некој во југословенската школа да научи на претходните грешки и да оди на трофеј. Многу екипи, како и репрезентацијата на Југославија, не освои ништо само поради тоа, бидејќи не беа доволно мудри. Нам Љупко Петровиќ во ниту еден момент не ни кажа да играме на 0-0, едноставно ни порача дека мораме да бидеме попретпазливи бидејќи во финалињата секоја грешка скапо се плаќа“ – се присетува Панчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст