Боите имаат силно влијание на нашето расположение и на сите наши сетила. И додека некои нијанси можат да поттикнат добро расположение, да ни отворат апетит или да не направат попривлечни, постојат и такви кои можат да постигнат тотално спротивен ефект. Една од нив е прогласена за најгрдата боја на светот.
Тоа е кафено-зелената, мешавина од маслинесто зелена и каки, која има безброј епитети: „валканица“, „талог“, „смрт“, а нејзиното официјално име е „пантон 448Ц“ или „opaque couché“.
Poor old Pantone opaque couché 448C – would you consider using this colour in your #home? https://t.co/RIuyqZnVSp pic.twitter.com/zDqPyBvHMH
— Jarrods Staircases (@JarrodStaircase) May 24, 2016
Иако оваа боја има многу негативен призвук, пораката која треба да ја пренесе всушност е многу важна и моќна. Имено, од сите бои и нијанси на сончевиот спектар најгрдата боја е избрана за да влијае на пушаќите и даги поттикне да се откажат од пушењето.
Пред четири години австриската влада ја ангажира истражувачката агенција „ГфК“, чија задача е да направи нанепривлечен дизајн на кутиите за цигари кој би требало да биде единствен за сите тутунски компании.
По неколкумесечно истражување стручњаците дошле до заклучок дека најнегативен ефект може да се постигне токму со кутии во opaque couché боја, која во комбинација со графичките предупредувања за опаност по здравјето има неверојатно негативен ефект врз оние кои ја гледаат.
A photo posted by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on
Од друга страна, оваа боја ѝ е омилена на ЈК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст