Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна и оствари повеќе разговори и куси средби со голем број европски политичари во Луксембург, каде што се прославува одбележувањето на 40 годишнината од постоењето на Европската народна партија (ЕПП), најсилната политичка структура во Европа.

Груевски со Кристијан Кремер, заменик генерален секретар на ЕПП
Заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, со лидерската двојка на Европската унија, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, 50-тина европратеници, како и дузина други претседатели на држави и влади од демо-христијанската политичка опција на „стариот континент“, Груевски денеска на покана на ЕПП е дел од големиот настан заедно со европската и светска политичка елита.

Груевски со Манфред Вебер, претседател на Парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент
Како што е познато, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во македонскиот Парламент со идеологија десно од центарот, долго време е сестринска партија на ЕПП и ја ужива поддршката на најбројната политичка партија во Европскиот парламент.

Груевски со Антонио Тијани, потпретседател на ЕП и потпретседател на ЕПП
Според програмата на Европска народна партија, денеска во Луксембург најпрво ќе се одржи состанок на претседателството на ЕПП и Политичко собрание на кое ќе присуствува Никола Груевски заедно со пратеникот Владимир Ѓорчев. За вечерва е закажан свечениот дел од прославата на 40 години од постоењето на европските демо-христијани и дебата на темата „Иднината на Европа“ каде заедно со Меркел, Туск, Јункер, Хан, Орбан, Мицотакис и другите европски лидери ќе учествува и Груевски.

Груевски со Жозеф Дол, претседател на ЕПП

Груевски со Виталиј Кличко, украински политичар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


