Три лица се повредени во сообраќајната незгода што предмалку, во 12:20 часот, се случи на превалецот Стража.
Според информациите на „Република“ од СВР Тетово, возачот на автомобил „форд фокус“ со кичевски регистерски таблички од засега непознати причини изгубил контрола врз возилото и се забил во карпа, по што возилото се превртело на кров.
Повредени се три лица, кои со возила на Брзата помош се пренесени во гостиварската болница. Интервенирала и противпожарна екипа.
Полицијата врши увид и го обезбедува местото, по што ќе се знаат повеќе детали за тоа како дошло до несреќата.
Фото: Ѕид на сообраќаен срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст