| четврток, 6 декември 2018 |

Раст на индустриското производство од 3,6 отсто во април

industrija

Продолжува трендот на раст на индустриското производство. Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во април 2016 година, во однос на април 2015 година, пораснало за 3,6 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи опаѓање од 10,2 отсто во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 29,5 отсто.

Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во секторите за производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на облека, на други неметални минерални производи, на машини и уреди, производство на електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во април 2016 година, во однос на април 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1%, Капитални производи за 36,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 28,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 3,8 отсто.

Индустриското производство во периодот јануари-април 2016 година, во однос на периодот јануари-април 2015 година, бележи раст од 8,7 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top