Еден од најубавите странски зборови кои опишуваат благосостојба, љубов и позитивни чувства кои ќе станат дел од речниkот составен од изрази и поими кои во светот опишуваат задоволство, во избор на новинарите на Индепендент е зборот мерак.
Неупатени во етимологијата на зборот, тие пишуваат дека мерак е српски збор кој означува задоволство кои произлегува од мали работи.
По избор на новинарот на лондонскиот Индепендент на листата убави зборови на која работат лингвисти „меракот“ е еден од зборовите кои опишуваат нешти убаво, а не е возможно да се преведат на англиски. Слично како и хавајското „алоха“, кој во светот се користи со значење „здраво, добредојде“, иако уквално значи „воздишка на добредојде“.
„Мерак“, „алоха“, турскиот збор „гумусерви“, кој означува „отсјај на сонцето во вода“ или „цвеч“, збор кој го користат Велшаните за да искажат сигурност која потекнува од прегратка најдоа свое место во речникот на кој работи психологот Тим Ломасод Универзитетот во Источен Лондон.
Ломас, кој истражувал како се изразуваат позитивните чувства во други јазици веќе има околу 200 збора за новиот речник, а меѓу нив е и зборот „монфеск“, со кој Данците ја опишуваат свежината по убав сон.
Јапонското „накама“ означува блиски пријатели, од кои едниот е вљубен платонски во другиот, а со „одал“ во Шри Ланка се искажува лажна лутина кон саканата личност. Холанѓаните велат „гезелигеид“ кога сакаат да кажат топлина која ја чувствувате кога сте покрај саканата личност.
Во текст за Журнал на позитивната психологија Ломас наведува дека се одлучил за ова истражување за да направи противтежа на бројните истражувања кои го ставаат акценстот на психолошките специфичности на различните култури и општества.
Ова истражување има цел да обезбеди прозорец во културните разлики во конструкцијата на зборовите кои искажуваат благосостојба, со што би се проширил и емотивниот речник и перцепцијата на таквите позитивни чувства, образложува тој.
Засега во тој речник постојат околу 200 позитивни непреводливи зборови кои се поделени во три групи: чувства – позитивни и комплексни, меѓусебни односи и блискост и карактер и духовност.
На листата се кинескиот збор кој означува држење на раката на саканиот додека старееење заедно – „жи зи жи соу ју зи ксие лао“ и португалскиот кафун – кога поминувате со прстите по косата на саканиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст