Линијата после породувањето ја дотера, па зошто не би ја искористила и секоја можност за да ја покаже? Ким Кардашијан се појави во саботата во многу предизвикувачки секси фустан во кој е невозможно да останеш незабележан.
Со сопругот Канје Вест тргна на ручек и реши баш да се дотера. Портокаловиот мини фустан ја истакна секоја нејзина облина.
Длабокото деколте стигнуваше до папокот, а имаше и големи исечени делови од страна. Ким после породувањето конечно го симна вишокот килограми и тоа на секоја чекор гордо го покажува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.